Адријана Лима однесе гламур и блесок на новата хуманитарна гала на amfAR.
На свеченоста, која се одржа во рамките на Канскиот филмскиот фестивал, 36-годишната Бразилка носеше фустан од кој светкаа илјадници кристали.
Креацијата со разголен грб и деколте доаѓа од ателјето на Џулиен Мекдоналд, а Лима ја искомбинира со сандали од Џанвито Роси.