Почетна » Новости » Мода » Marella Stories: Јована Стојменович за улогата на стилот во кариерниот развој и како да го „украдеме" вниманието со модни додатоци

Marella Stories: Јована Стојменович за улогата на стилот во кариерниот развој и како да го „украдеме" вниманието со модни додатоци

Успешните дами кои покрај своите кариерни достигнувања, секогаш наоѓаат време за модна експресија и знаат како да остават моќен прв впечаток со својот стил, се главната тема на сезонскиот серијал Marella Stories. Оваа сезона дами од различни позадини ги споделија своите приказни за успехот и модниот стил.

За последната едиција на Marella Stories, разговараме со дама која е позната по своите улоги како водител и уредник на утринската програма „Ја сакам Македонија” на Сител телевизија и како уредник на најстариот женски магазин во нашиот регион, „Убавина и Здравје”.

Јована Стојменович, дама која постојано го остава својот стилски печат директно и индиректно, сподели со нас повеќе за улогата на стилот во нејзината кариера, како да го „украдеме” вниманието со модните додатоци и кој совет смета дека треба да го знае секоја дама во современиот свет.

Јована Стојменович

Твоето секојдневие пред камерите, како и твојата улога во секоја едиција на Убавина и Здравје значат дека и модата е неизоставен дел од твоето секојдневие. Како твојот личен стил се менува во зависност од приликата и твоите секојдневни улоги?

– Ретко кој останува имун на магијата на модата. Дури и луѓето што не гледаат некоја сатисфакција во работењето на сопствениот стил, речиси секогаш се восхитуваат на креативците, кои во секоја прилика оставаат свој стилски печат преку модните комбинации. Затоа што модата е многу повеќе од добро комбинирани убави парчиња облека, во науката за комуникациите таа е невербален систем за комуникација, затоа велиме дека „стилот зборува за нас“. Личниот стил ми е главно умерен, прилагоден на приликата и улогата, но секогаш придружен со по некое „statement“ - парче, односно парче облека или моден додаток што ќе го украде вниманието.

Јована Стојменович Јована Стојменович

Според тебе, каква е улогата на стилот во развојот на кариерата на една дама во современиот свет?

– Па ако се поведеме од она што го спомнав дека облеката и нашиот стил им зборува на луѓето за нас, улогата е голема. Неретко знае да влијае и повеќе од она што ќе го кажеме, затоа што првите впечатоци секогаш се темелат на оној прв поглед, а подоцна од она што ќе биде кажано. Луѓето кога нè набљудуваат прават заклучоци за нас врз основа на тоа како сме облечени и како ни е уредена фризурата, шминката, па дури и колку ни е успешна негата на убавината. Во таа смисла, улогата на стилот е многу важна. Медиумската работа пак е нераскинливо и по стандарди поврзана со естетски аспекти, па во оваа професија е задолжително стилот да се гради, но и да се следат трендовите.

Кое е твоето омилено модно парче за претстојната сезона без кое не можеш да го замислиш твојот гардеробер?

– Кога ги спомнав парчињата што треба да го украдет вниманието, мислев на сите оние квалитетни парчиња што ќе се истакнат и по квалитет и материјал, и по дизајн или бренд. Тоа се оние парчиња што ќе додадат луксузна нишка и во една можеби постандардна комбинација облека. Јас лично најмногу внимавам на обувките, чантите, другите аксесоари и накитот, а многу ми се важни и јакните и капутите.

Јована Стојменович

Каде би ја носела твојата Marella комбинација - кожно здолниште и џемпер?

– Секаде. Од утро до вечер, на телевизија, на состанок, на настан или за вечерно излегување. Коженото тесно здолниште со шлиц во комбинација со прекрасни чизми на потпетица е многу моќна урбана комбинација. Џемперот ја смирува сензуалната нота, а капутот и чантата ја подигаат комбинацијата до ниво во кое чекорот по улиците на градот се претвораат во чекор по модна писта.

Јована Стојменович

Marella како бренд ги сплотува модните трендови со безвременскиот, елегантен стил. Како го пронаоѓаш твојот стил во модните парчиња на Marella?

– Marella е синоним за елеганција и совршено скроени парчиња, а секако, во прв ред, квалитет на кој му остана верен овој бренд. Поради сето тоа, отмена, е епитетот кој би и го доделила на секоја дама која ќе се појави во комбинација направена во Marella. Мислам дека во него се пронаоѓа жената, која сака да внесе доза на скриен гламур во секојдневните парчиња.

Јована Стојменович

За крај, сподели го твојот омилен моден совет со нашите читателки:

– Најдобриот е секогаш да се едуцираме за трендовите и начинот на кој треба да ја поимаме и презентираме и модата и својот стил. Тоа секако можеме да го направиме доколку следиме малку повеќе медиуми и извори на кои им веруваме. Убаво е понекогаш и да си поиграме со некоја лична инспирација, но само ако, како што се вели во модниот свет, можеме да го износиме и оправдаме тоа. И да, инвестирајте повеќе во оние клучни парчиња што ги спомнав погоре. Удобноста, траењето и ефектот од појавувањето во нив ќе ја оправдаат инвестицијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.