Marella Stories оваа сезона ги става на подиум успешните дамите кои и во своето динамично секојдневие секогаш се стремат да изгледаат беспрекорно. Сандра Алексоска е пример за една таква дама.
Сандра која е позната по нејзиниот инстаграм профил @fern_style_ е многу повеќе од дигитален креатор. Таа работи во агенција за маркетинг и медиа и постојано се надградува во тоа поле. Ужива во работењето со други луѓе и секогаш има амбиции за нешто повеќе. А нејзиното хоби (и бизнис) Fern Style ги сплотува сите нејзини пасии - љубовта кон патување, уметноста, естетика, мода и фотографија.
Денес таа сподели повеќе за нејзиниот личен стил, од каде црпи модна инспирација и која е совршената комбинација за претстојната сезона.
Како дигитален креатор препознатлива си по твојот стил. Како гледаш ти на модата и како би го опишала твојот стил во неколку зборови?
– Модата ја гледам како креативно изразување. Инспирацијата за својот изглед ја пронаоѓам во модните списанија, на инстаграм профилите на девојките чии стил навистина ми се допаѓа, но и во местата и градовите кои ги посетувам кога патувам.
Тешко ми е да го опишам својот стил, обично нешто кога дефинираме во исто време и го ограничуваме. Би кажала дека се состои од mix на vintage, оversized парчиња, љубов и креативност. Сакам да ми е удобно и да не изгледа дека премногу сум се потрудила, а и навистина не се трудам премногу, се облекувам онака како се чувствувам во моментот. Сакам да изгледам лежерно и cool, а во исто време и доволно chic за некои посебни пригоди.
Генерално сметам дека стилот е многу повеќе од облеката која ја носиме, а тоа е начинот на кој се движиме, како се смееме, самодовербата и енергијата со која зрачиме. Модата е променлива, стилот останува засекогаш.
Кога се работи за твојот гардеробер, што вреднуваш повеќе: квалитет или квантитет?
– Квалитет секогаш на прво место! Преферирам класични и безвременски парчиња кои можам да ги носам од сезона во сезона, па и за 5 години од сега.
Која е твојата go-to комбинација за претстојната сезона?
– За престојанта сезона би издвоила кожни панталони со бела кошула како совршена комбинација.
Marella како бренд се посветува на современите дама и нивните потреби во урбаниот свет. Како го пронаоѓаш твојот стил во парчињата на Marella?
– Marella е бренд за динамични и модерни дами, нуди вистински квалитет и има широк спектар на модни парчиња за секаква пригода. Секоја дама без разлика на стилот може да си го пронајде „своето место”.
Стајлинг во кој често те гледаме е бела oversize кошула со лежерни панталони. За каква пригода би го носела овој Marella аутфит?
– Лежерен и непретенциозен look во кој може да ме сретнете многу често. На истата комбинација можете да замените само високи потпетици и да ја искористите за некоја посебна пригода. Повторно ќе изгледате дотерано и chic.
Сподели моден совет кој сметаш дека треба да го знае секоја дама.
– Биди своја! Гледај на модата без предрасуди и оптеретување, таму нема правила. Едноставно, најважно е тоа да си ти и да се чувствуваш слободно и удобно. Убавината и енергијата пред сé доаѓаат од внатре, останатите работи се само финеси за перфектен изглед.
Коса и шминка: Зоран Шубревски
Фотограф: Мартин Трајановски
Локација: Four Restaurant