Хелен Мирен продолжува да покажува дека годините се само обична бројка и дека жените треба самуверено да чекорат низ животот без разлика на возраста.
78-годишната легендарна актерка беше дел од славните личности на модното шоу на L'Oreal под Ајфеловата кула во Париз. Таа блесна во долга сребрена креација од Ели Сааб и волуменозна фризура на ревијата „Walk Your Worth“ посветена на женственоста.
Видео
Ева Лонгорија, Ел Фенинг, Енди Мекдауел и многу други актерки се вклучија во модниот хепенинг во градот на светлината.