Почетна » Новости » Мода » 77-годишната Хелен Мирен со сина коса која ѝ одговараше на фустанот во Кан

77-годишната Хелен Мирен со сина коса која ѝ одговараше на фустанот во Кан

Хелен Мирен умее да остави силен впечаток иако е во осмата деценија од животот.

77-годишната филмска легенда зачекори на црвениот тепих во Кан со сина коса која совршено одговараше на нејзината сина тоалета. Фустанот од Del Core, таа го надополни со сребрени сандали од Sole Bliss.

Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен

„Првиот пат кога дојдов во Кан ми беше поразително и застрашувачки. Сега можам само да се насмеам на тоа и да уживам. Го гледам како изведба. Мора да имаш фустан кој ти прилега. Идеално е ако имаш фустан кој е комфорен, но тоа повеќе е идеалистично, бидејќи најголем дел од овие фустани не се комфорни, но изгледаат неверојатно“ – рече Мирен за доаѓањето во Кан.

Како што и самата изјави, таа не е робинка на модните правила кои постојат за да бидат прекршени.

„Ја пораснав косата за време на КОВИД и сега можам да ја пуштам по рамената. Ми се допаѓа фактот дека на некој начин тоа е против правилата за жените на моја возраст да имаат долга коса. Има непишано правило дека не треба да имаме долга коса или ако имаш долга коса, треба да ти биде уредно прибрана во пунџа. Мислам дека не треба да има правила за убавината и за среќа има сè помалку и помалку. Сите правила се созададени за да се прекршат“ – рече Мирен.

Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен

„Знае како да привлече внимание“ – напиша нејзиниот стилист на Instagram.

Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен Хелен Мирен

Таа беше придружувана од сопругот Тејлор Хекфорд.

Хелен Мирен

Вчера беше отворањето на Канскиот филмски фестивал со премиерата на филмот „Jeanne du Barry“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.