Почетна » Новости » Мода » 10 бјути грешки кои мажите ги мразат

10 бјути грешки кои мажите ги мразат

Шминката е нож со две острици – може или да ви го разубави лицето, или да направи да изгледате вештачки и непривлечно. Колку и да тврдиме ние жените дека знаеме многу за шминката, сепак мејкап грешките не се реткост. Мажите тврдат дека не се разбираат од шминка, но сепак препознаваат кога ќе видат нешто што им боде очи.

Според анкета на списанието Allure, еве ги најголемите бјути грешки кои мажите ги мразат:

Пластови пудраДупла доза „smokey eyes“Премногу вештачки трепкиЛошо избричени нозеЛеплив сјај за усниПортокалов вештачки тенПремногу парфемСува кожаЖолти забиТврда и слепена коса

Пластови пудра

Редењето на дебели слоеви коректор, течна пудра и пудра во прав не само што изгледа вештачки, туку и може да остави флеки на облеката на партнерот. Доволна е една прегратка за да остане флека на неговата бела кошула.

Дупла доза „smokey eyes“

Зачадениот поглед зрачи со мистериозност и делува многу гламурозно, но со сенките за очи лесно е да се преминат границите на убавото. Подобро ставете помалку, отколку премногу.

Премногу вештачки трепки

Густите долги трепки се секси, но само кога се поставени убаво и кога не се премногу нападни. Исто така и претерувањето со маскарата е супер одбивно. На никого не му се привлечни слепени трепки со грутки маскара.

Лошо избричени нозе

Додека си ги бричете нозете, не брзајте. Не е пријатно да прескокнете одредена област и да ги изложите непосакуваните влакненца во јавност.

Совет: Бричете се навечер пред спиење. Наутро кожата е отечена и нема да можете да ги избричете влакненцата најблиску до кожата.

Леплив сјај за усни

Ако планирате да се бакнувате, не ставајте леплив сјај за усни. Ниту еден маж не сака кога ќе ве бакне да се почувствува како да бакнува ароматизиран мед.

Портокалов вештачки тен

Темниот тен крие сексапил, но вештачкиот портокалов тен е голема грешка. Подобро останете си со бела кожа отколку да изгледате како портокал.

Премногу парфем

Колку и да е убав парфемот, ако ставите премногу, ризикувате некој да сака да си го затне носот.

Вашиот парфем другите луѓе треба да го помирисаат кога ќе ви се доближат или кога вие ќе се движите непосредно пред нив, а не уште кога влегувате во просторијата.

Совет: Три прскања се сосема доволни ако користите парфем, а четири ако користите тоалетна вода.

Сува кожа

Нежната кожа ги потсетува мажите на женственост, а мразат да гледаат испукани колена, лакти и петици.

Жолти заби

Убавите заби се особено привлечни, а убавата насмевка е магнет за мажите. Никој не сака пожолтени заби.

Тврда и слепена коса

Лак за коса користете само за специјални прилики. На ниту еден маж не му е пријатно да ги протне прстите во вашата коса и да не може да ги помести. Косата треба да ви биде нежна на допир.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.