Почетна » Новости » Занимливости » Што им кажува на мажите бојата на вашиот кармин?

Што им кажува на мажите бојата на вашиот кармин?

Обожавате ли да експериментирате со бојата на вашиот кармин? Повеќето жени имаат барем неколку кармини во својата козметичка колекција и во зависност од приликата, ги истакнуваат усните со различна боја.

Да, жените ги сакаат кармините, но мажите не им се големи обожаватели, бидејќи не сакаат траги од кармин по своето лице или врз облеката. Сепак, верувале или не, и мажите имаат свое мислење за бојата на карминот нанесен на женските усни.

Мет Бин, соработник на познатото машко списание Men’s Health, во прилог за „The Tread“ на Yahoo откри каква порака им испраќа на мажите бојата на вашиот кармин.

Класични црвени усни„Жешки“ розови усниТемни пурпурни/ бордо усниНеутрални усниСветли портокалови усниМеталик усни

Класични црвени усни

Со оваа боја вие велите „погледни ме“, „гледај во мене“. Тоа е бојата која им испраќа сигнал дека сакате внимание. Ако ги обоите вашите усни црвени кога сте излезени во ноќен бар со пријателките, сигурно ќе ги намамите машките погледи. Кога сте на вечера со сопругот и сте нанеле црвен кармин, вие всушност велите дека сакате да ги вжештите односите помеѓу вас.

Лошата страна на црвениот кармин се појавува кога ќе дојде на ред бакнувањето, затоа што мажот по страсниот бакнеж ќе изгледа како кловн.

„Жешки“ розови усни

Интензивниот розов кармин не ја носи во себе онаа класична романтика со која зрачи црвениот кармин. Силната розова боја е повеќе во рок или панк стил и покажува присуство на авантуристички дух.

Храбрата розова боја вели дека не бегате од „rock ‘n’ roll“. Од жена која користи ваква нијанса мажите очекуваат да има добар вкус за музика.

Темни пурпурни/ бордо усни

Мажите мислат дека не се плашите да ризикувате ако карминот ви е во темна пурпурна боја или во боја на бургундец. Овие темни нијанси им испраќаат порака дека сте темпераментни, строги и остри, но на добар начин, и дека се издвојувате од другите.

Кога вистинската жена ќе стави ваква нијанса, го буди љубопитството кај мажите.

Неутрални усни

„Кога носите кармин со иста боја како и бојата на кожата, изгледате како мртовец, како да сте стоеле на ладно предолго време. Делува непривлечно“ – вели Мет.

И неутралниот сјај за усни според мажите треба да е на црната листа, бидејќи сјајните усни во боја на кожата изгледаат како крофни со глазура.

Светли портокалови усни

Портокаловите усни им кажуваат на мажите дека сте забавни, полни со енергија и имате интересен карактер.

Исто така, портокаловиот кармин вели дека сте многу самоуверена личност и дека не се плашите да пробате нешто ново.

Металик усни

Тинејџерките можеби би можеле да се „извлечат“ со металик усни. Но, секоја жена која ја надминала дваесеттата година од животот треба да си забрани да користи вакви бои, затоа што ќе делува евтино.

Усните со светулки исто така се одбивни за мажите и тие сметаат дека треба да останат само во стриптиз клубовите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20817 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.