Почетна » Новости » Истражувања » Јогуртот и јаткастите плодови го помагаат слабеењето

Јогуртот и јаткастите плодови го помагаат слабеењето

Желбата за постигнување и одржување на витка фигура е огромна кај секој човек, па научниците секојдневно се обидуваат да стигнат до факти кои ќе ни помогнат да го постигнеме тоа.

Најновото истражување на Харвард, во кое учествувале 120 000 луѓе од кои 80% биле жени, покажало дека одредени намирници го помагаат процесот на намалување на тежината.

ЈогуртРедовното консумирање на јогурт ја намалува тежината на долгорочен план

Научниците откриле дека консумирањето на јогурт и јаткасти плодови го помага слабеењето на долгорочен план и тоа многу повеќе отколку консумирањето на овошје и зеленчуци, најверојатно затоа што повеќе заситуваат. Овошјето, зеленчуците, јаткастите плодови, јогуртот, како и житарките, спаѓаат во категоријата „добра храна“.

Од друга страна, научниците откриле дека одредени намирници, колку и умерено да ги консумираме, неосетно можат да ни донесат вишок килограми. Тие на прво место препорачуваат да се избегнуваат чипси, помфрит, потоа газирани сокови и сокови кои содржат многу шеќер, како и црвено и процесирано месо. Овие намирници спаѓаат во категоријата „лоша храна“.

„Идејата дека нема добра и лоша храна е мит кој треба да биде раскриен“ – изјавил Френк Ху од Харвард, којшто работел на истражувањето.

Истражувањето уште открило дека за да не дојде до зголемување на телесната тежина, потребни се од 6 до 8 часа сон секој ден. Исто така, експертите препорачуваат да се намали времето кое луѓето го поминуваат пред телевизор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.