Почетна » Новости » Истражувања » Чаша млеко ја убива миризбата од лук

Чаша млеко ја убива миризбата од лук

Иако лукот е богат извор на витамини и минерали, а го намалува и крвниот притисок и холестеролот, многу луѓе го избегнуваат поради силната миризба.

Но, сега непријатната миризба не треба да ни претставува голем проблем, затоа што научниците открија ефективна мерка против миризбата на лукот.

Жена што пие млекоМлекото ја редуцира миризбата од лукот

Истражување во Универзитетот Охајо Стејт покажало дека млекото значително ја намалува концентрацијата на хемикалиите коишто му го даваат мирисот на лукот. Една од тие компоненти, AMS (Allyl Methyl Sulphide), не може да биде „распадната“ од телото за време на процесот на варење на храната и таа ја предизвикува појавата на непријатен мирис на здивот и потта.

Резултатите од истражувањето со свеж и готвен лук покажале дека мала чаша млеко (200мл.) може да го намали присуството на AMS во здивот со 50%.

Ако сакате да го искористите млекото за да ја победите непријатната миризба на лукот, треба да знаете и дека колку поголема масленост има млекото, толку е поефективно. Исто така, подобри резултати се добиваат ако млекото се консумира за време на оброкот, а не потоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.