Почетна » Новости » Истражувања » Црните автомобили се најизложени на сообраќајки

Црните автомобили се најизложени на сообраќајки

Ако поседувате автомобил во црна боја, бидете внимателни. Истражувачите процениле дека црните автомобили стануваат дел од сообраќајни несреќи за 47% почесто, отколку белите.

АвтомобилиЦрните автомобили стануваат дел од сообраќајни несреќи за 47% почесто.

Истражувањето кое траело 20 години покажало дека црните автомобили се најопасни, додека белите, златните и жолтите – најбезбедни.

Австралиски истражувачи анализирале полициски записи за 850 000 сообраќајни незгоди. Тие заклучиле дека во текот на денот додека е светло, црните автомобили стануваат дел од сообраќајни несреќи за 12% почесто од белите, а во текот на ноќта тој процент се искачува до 47.

Сивите и сребрените автомобили се следни на списокот според ризикот, а зад нив се црвените и сините.

Зачудувачки, истражувањето покажало дека портокаловите автомобили се побезбедни од белите, иако истражувачите не биле доволно убедени во овој заклучок.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.