Американската агенција Insurance состави список од најопасните шофери според професијата. На прво место се најдоа законските експерти – адвокатите и судиите. Дури 44% од нив кога се осигурале пријавиле дека претходно имале сообраќајна незгода. Финансиските експерти се најдоа на второто место, а на третото – вработените во Владата.
„Луѓето со професии кои бараат правење на неколку работи истовремено, како зборување на телефон, брзо преместување од едно на друго место или напнат распоред, полесно се расејуваат и логично предизвикуваат повеќе незгоди“ – објаснува Sam Belden, претставник на агенцијата.
На дното на листата, како најбезбедни возачи се најдоа спортистите (17%) и домаќините (24%).
„Од друга страна, иако работата на домаќин или домаќинка бара правење на многу нешта истовремено, најчесто во нивните автомобили се возат мали деца, па возачите се повнимателни“.
10 најопасни шофери според професијата:
- Адвокатите/судиите
- Финансиските експерти
- Вработените во Владата
- Келнери или бармени
- Бизнис професионалци
- Стилисти за кучиња
- Маркетинг/рекламни професионалци
- Бербери/стилисти
- Тренери
- Медицински сестри