Почетна » Новости » Истражувања » Црвеното вино помага во заштитата од кариес

Црвеното вино помага во заштитата од кариес

Црвено вино

Многу луѓе го одбегнуваат црвеното вино токму поради тоа што сакаат да ги заштитат своите заби. Но, новите истражувања го докажуваат точно спротивното - црвеното вино може да ви помогне да имате поубава насмевка.

Според резултатите од истражување спроведено во Италија, една чаша црвено вино дневно може да ви помогне да ги зачувате забите здрави и да ја намалите потребата од пломби.

Истражувачите открија дека црвеното вино содржи хемикалии кои можат да го намалат расипувањето, со тоа што запираат штетна бактерија да се залепи врз забите.

Ова е само уште една потврда колку е добро црвеното вино за здравјето. Досега со различни истражувања е докажано дека црвеното вино помага во заштитата од срцеви заболувања, некои видови рак и дијабетес, а исто така и ја подобрува работата на мозокот, го зајакнува имунитетот и ги ублажува знаците на стареење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.