Почетна » Новости » Истражувања » Црвениот кромид го заштитува срцето

Црвениот кромид го заштитува срцето

Освен што има интересен изглед, црвениот кромид е и одличен за вашето здравје, затоа што го штити срцето од разни болести.

Истражувачи од Хонг Конг тврдат дека црвениот кромид му помага на телото да се ослободи од лошиот холестерол, а истовремено и да го задржи добриот холестерол, па со тоа ја намалува појавата на срцеви заболувања.

Црвен кромидЦрвениот кромид му помага на телото да се ослободи од лошиот холестерол

„Ова е прво истражување од овој тип што ја проучува врската на црвениот кромид со биолошките функции. Резултатите ги поддржуваат тврдењата дека редовната консумација на кромид го намалува ризикот од коронарни срцеви заболувања“ – изјавил Зен Ју Чен, кој бил одговорен за истражувањето.

Долго време се смета дека кромидот е многу полезен за превенција од рак, срцеви болести, кашлица и настинка. Во одредени делови од светот, каде консумацијата на кромид е висока, се забележани помалку случаи на рак.

Во Кина, каде што луѓето јадат повеќе кромид и лук од било кое друго место во светот, ризикот од рак на стомакот за 40% е помал од просечниот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.