Жените облечени во црвено поседуваат магнетска привлечност за спротивниот пол – факт кој добро ни е познат.
Мажите ги оценуваат како попривлечни жените кои носат црвена облека во споредба со облека во други бои, а црвената боја ги мами мажите независно за каква облека се работи. „Не мора да е црвен фустан или секси аутфит. Може да е само црвена кошула“ – вели Адам Пазда, психолог во Универзитетот Рочестер во Њујорк.
Во атрактивноста на црвената боја нема ништо ново. Но, научниците сега со редица експерименти се обидоа да откријат зошто мажите толку „паѓаат“ на црвената боја.
Истражувачите на група мажи им покажувале фотографии од просечно убава жена која носи или црвена или блуза во друга боја. Мажите секогаш ја оценувале жената како попривлечна кога била облечена во црвено.
Во еден од експериментите, учесниците требало и да дадат свое мислење за тоа дали жената е заинтересирана за секс. Резултатите покажале дека кога жената носела црвена боја, мажите сметале дека е позаинтересирана за сексуални односи.
Овие констатации укажуваат на тоа дека мажите повеќе ги привлекуваат жени облечени во црвено затоа што веруваат дека тие не би ги одбиле и дека се позаинтересирани за романтични предлози. Психолозите тврдат дека црвената боја испраќа моќни сигнали за тоа колку е заинтересирана една жена, па затоа жените облечени во црвено во општеството се сметаат за попровокативни.
„Фасцинантно е што само промената на бојата на блузата на жената може да има големо влијание на тоа како ја гледаат мажите. Можно е жените да носат почесто црвена облека кога се заинтересирани за сексуални средби. Моментално го истражуваме тоа и прелиминарните резултати покажуваат дека навистина е така“ – објаснил Адам.
Заклучок: користете ја црвената боја, но разумно.