Почетна » Новости » Истражувања » Финска е на врвот на листата на најсреќни земји, а еве каде е Македонија во споредба со државите од регионот

Финска е на врвот на листата на најсреќни земји, а еве каде е Македонија во споредба со државите од регионот

Жителите на Финска се најсреќни на светот. Денес беше објавен „Светскиот извештај за среќа“ (World Happiness Report) и рангирањето на 156 држави.

Среќа

За да се стигне до финалното подредување на државите, биле земени предвид различни фактори како корупција, социјална поддршка од пријатели и семејството, бруто домашен производ, дарежливост и слобода на избор.

Финска ја зазеде челната позиција. „Вистина е дека изминатава година Финците беа посреќни од жителите на останатите држави, но и нивните имигранти се најсреќните имигранти во светот. Финците се грижат еден за друг. А токму на такво место луѓето сакаат да живеат“ - изјавил професорот по економија Џон Хеливел.

Среќа

Зад Финска се најдоа Данска, Норвешка, Исланд и Холандија.

На самото дно се наоѓаат Јужен Судан, Централноафриканската Република и Авганистан.

А каде е Македонија?

Нашата држава беше рангирана на средината на листата, поточно на 84. место. Само две места погоре се наоѓа Грција, а помалку среќни од нас се Бугарија (97. место) и Албанија (107. место).

Најсреќни земји од регионот се Словенија и Косово, кои застанаа на 44. и 46. место.

Србија е на 70. место, Хрватска на 75. место, а Босна и Херцеговина на 78. место.

Среќа Среќа Среќа Среќа Среќа Среќа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.