Почетна » Новости » Истражувања » Фејсбук корисниците имаат повеќе блиски пријатели

Фејсбук корисниците имаат повеќе блиски пријатели

Фејсбук корисниците се на мета на многу истражувачи кои ги проучуваат нивните навики, карактери, чувства, желби и преференции. Досега имаме слушнато дека Фејсбук е причина за депресија кај тинејџерите, причина за голем број разводи и причина за намалување на либидото.

Американско истражување се фокусираше на попозитивни аспекти на користењето на Фејсбук и откри дека генерално корисниците на оваа мрежа одржуваат поблиски врски, повеќе им веруваат на другите луѓе, добиваат поголема поддршка, но и се политички поактивни.

Жена и лаптоп

Истражувањето спроведено од Pew Research Center’s Internet & American Life Project открило дека просечниот корисник на Фејсбук има 229 пријатели, а повеќето од нив се соученици од средно училиште или пријатели со кои одржува контакти или со кои по подолго време повторно се поврзал.

„Многу се шпекулира за влијанието на друштвените мрежи на друштвениот живот на луѓето и голем дел од тие шпекулации се вртат околу можноста дека овие сајтови ги уништуваат врските на луѓето и ги оддалечуваат од она што се случува околу нив. Ние го откривме токму спротивното – луѓето кои користат сајтови како Фејсбук всушност одржуваат поблиски врски и почесто се вклучени во граѓански и политички активности“ – изјавил Кит Хамптон, кој го предводел истражувањето.

Еве што покажа новото истражување за Фејсбук корисниците кои го користат овој сајт повеќепати дневно:

  1. Повеќе им веруваат на другите луѓе. Фејсбук корисниците е за 43% поверојатно да чувствуваат дека на повеќето луѓе може да им се верува, во споредба со другите интернет корисници.
  2. Имаат повеќе блиски врски. Редовните корисници на Фејсбук имаат за 9% повеќе блиски врски меѓу своите пријатели, во споредба со другите интернет корисници.
  3. Се политички поактивни. Активните Фејсбук корисници се за 2,5 пати посклони да присуствуваат на политички митинг и е 57% поверојатно да убедуваат некој друг да гласа за одреден кандидат.
  4. Добиваат поголема поддршка. Редовните корисници добиваат поголема емотивна поддршка и повеќе дружење од оние кои не го користат Фејсбук. Таа поддршка се смета дека е еднаква на половина од поддршката што просечниот Американец ја добива како резултат на тоа што живее со својот партнер или е во брак.

Истражувањето откри и што точно корисниците прават на Фејбук. Во просечен ден:

  • 15% од корисниците го ажурираат својот статус;
  • 22% коментираат на друг пост или статус;
  • 20% коментираат на фотографиите на друг корисник;
  • 26% го користат копчето „Ми се допаѓа“ за да означат дека им се допаѓа содржина на друг корисник;
  • 10% испраќаат приватни пораки кои не се јавни на сајтот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.