Ако сакате едновремено да ги вежбате вашето тело и ум, тогаш не двоумете се и изберете го трчањето! Трчањето ќе ви помогне и да го оформувате телото и истовремено да ја подобрите вашата меморија. Тоа е заклучокот од истражување спроведено на Универзитетот Кембриџ.
Практикувањето на трчање неколку пати неделно го стимулира мозокот и води до создавање на стотици илјади нови мозочни клетки во област од мозокот поврзана со создавањето и присетувањето на спомените.
Трчањето ни помага да се присетиме на спомените без да ги мешаме. Токму таа способност е многу важна за учењето на нови работи.
Резултатите од ова истражување можат да помогнат да се пронајдат нови начини преку кои ќе се намали влошувањето на менталните способности кај старите лица.
Ова е само уште една причина повеќе зошто да го применуваме трчањето. Претходно беше докажано дека трчањето помага за намалување на стресот и дека луѓето кои трчаат се справуваат подобро со дијабетесот и срцевите заболувања.