Почетна » Новости » Истражувања » Вежбајте во природа за да сте среќни и полни со енергија

Вежбајте во природа за да сте среќни и полни со енергија

Додека временските услови го дозволуваат тоа, облечете си удобна облека и патики и тргнете да ги согорувате калориите и да го обликувате своето тело во природа.

Наместо да се затворате во фитнес сала, одете во најблискиот парк, затоа што истражувањата покажаа дека вежбањето во природа е подобро и за вашето тело и за вашиот ум.

Жена што трчаЛуѓето кои трчаат во парк се чувствуваат посреќни од оние коишто се потат во фитнес сала

Споредувајќи ги резултатите од 24 истражувања, експертите утврдиле дека луѓето кои трчаат во парк или пешачат во природа се чувствуваат посреќни од оние коишто се потат во фитнес сала, имаат повеќе енергија и полесно се концентрираат на работа.

Вежбањето во природа уште и ги намалува лутината, заморот и тагата, во споредба со вежбањето во затворен простор.

Се верува дека тоа е така затоа што природната средина го поттикнува мозокот да се релаксира, а чувството на бегање од проблемите на секојдневниот живот го подобрува расположението.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.