Иако преовладува мислењето дека високиот крвен притисок е проблем за којшто треба да се грижат само повозрасните луѓе, најновото британско истражување во оваа област го покажа спротивното.

Резултатите од тестовите на повеќе од 8000 луѓе покажале дека повеќе од третина (35%) од младите луѓе на возраст од 16-34 години имаат хипертензија (зголемен крвен притисок). Кај нив бил измерен повисок притисок од 140/90. Дури кај 4% од младите бил измерен значително висок притисок од 180/110.
Експертите го обвинуваат трендот на редовно консумирање алкохол, лоша исхрана и отсуство на физичка активност за појавата на хипертензија кај младите и предупредуваат дека таквата состојба го зголемува ризикот за појава на мозочен и срцев удар или проблеми со бубрезите.