Почетна » Новости » Истражувања » Сокот од портокал го намалува ризикот од срцеви болести

Сокот од портокал го намалува ризикот од срцеви болести

Вкусниот сок од портокал не е добар само за гасење на жедта, туку и за зачувување на здравјето. Научниците тврдат дека консумирањето на само две чаши сок од портокал дневно помага за намалување на крвниот притисок и со тоа го намалува ризикот од појава на срцеви болести.

Тие сметаат дека позитивното дејство на портокалот се должи на супстанцијата хесперидин.

Сок од портокалКонсумирањето на две чаши сок од портокал дневно помага за намалување на крвниот притисок. Со цел да ја докажат својата теорија дека хесперидинот е „виновен“ за позитивното влијание на сокот од портокал врз кардиоваскуларниот систем, француски научници направиле тестови со учество на 24 здрави средовечни мажи кои биле со наднормална телесна тежина.

Секој учесник во истражувањето во текот на 4 недели требало да пие по половина литар сок од портокал секој ден. Потоа, во наредните 4 недели примал засладена вода и капсула со хесперидин, а во последните 4 недели од истражувањето сите учесници пиеле засладена вода и капсули за плацебо ефект кои не содржеле хесперидин.

Резултатите покажале дека по завршувањето на првите два дела од експериментот, кај учесниците имало значително намалување на дијастолниот крвен притисок.

Според проценките на Светската здравствена организација, 50% од сите срцеви и мозочни удари се причинети од покачен крвен притисок.

Сепак, луѓето кои примаат лекови за крвниот притисок треба да се консултираат со доктор пред да започнат да пијат поголеми количества на овошни сокови, како сок од портокал, јаболко или грејпфрут, затоа што тоа може да доведе до намалување на ефективноста на лековите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.