Почетна » Новости » Истражувања » Сок од цреши за подобар сон

Сок од цреши за подобар сон

Летните горештини оставаат многу луѓе без сон. Секој четврти возрасен човек страда од инсомнија, а секој петти редовно спие помалку од 5 часа.

Ако и вие сте меѓу оние кои се мачат да потонат во длабок сон, научниците препорачуваат да пиете сок од цреши.

НесоницаБорете се против несоницата со сок од цреши

Истражување на Универзитетот Рочестер во Њујорк покажало дека луѓето кои пијат незасладен сок од цреши наутро и навечер, спијат подолго отколку луѓето кои пијат иста количина друг овошен сок.

Ова истражување било спроведено на две етапи. Во текот на првата, учесниците консумирале сок од цреши, а во текот на втората – друг сок. Резултатите покажале дека кога учесниците пиеле сок од цреши, спиеле во просек 17 минути подолго.

Психијатарот Вилфред Пиџн, којшто го предводел истражувањето, изјавил дека ваквиот ефект на сокот од цреши се должи на тоа што црешите содржат големо количество на мелатонин, хормонот кој го регулира циклусот на заспивање и будење.

Имајќи во предвид дека лековите носат ризик од појава на странични ефекти, добро е да се знае дека има природна алтернатива која може да ви обезбеди подобар сон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.