Претстојните празници се периодот од годината кога прославите се секојдневие, а консумирањето на алкохол е скоро неизбежно. Во една таква празнична атмосфера често се случува луѓето да заборават која им е границата и по една луда забава да завршат со лош мамурлак.
Научниците тврдат дека за да се победи мамурлакот, најдобро е да се консумира печен леб и мед. Тие објаснуваат дека фруктозата од медот е неопходна за телото да го разложи алкохолот на нештетни нуспроизводи.

Британските научници советуваат дека времето е најдобриот лек против мамурлак, но сепак постојат начини неговиот ефект да се минимизира.
Преку печен леб со мед се внесуваат натриум и калиум кои му помагаат на телото да се справи со алкохолот.