Почетна » Новости » Истражувања » Сланината, колбасите и виршлите штетни за срцето

Сланината, колбасите и виршлите штетни за срцето

Иако многу луѓе го исфрлуваат црвеното место од исхраната со цел да си го подобрат здравјето, најновото истражување на тим од Универзитетот Харвард покажало дека не се штетни сите видови на црвено месо, туку само преработеното.

Научниците набљудувале над милион луѓе од 10 земји низ светот за да утврдат каков ефект имаат преработеното и непреработеното месо врз здравјето.

Жена и хот догИзбегнувајте го преработеното месо за да го заштитите срцето.

Преработено месо се смета дека е секое чадено и саламурено месо, а и месата кои содржат дополнителни конзерванси како сланината, саламите, колбасите и виршлите.

Резултатите покажале дека консумирањето на 50 грама преработено месо дневно го зголемува ризикот за појава на срцеви заболувања со 42% и дијабетес тип 2 со 19%.

Научниците сметаат дека не е штетно самото месо, туку солта и конзервансите кои се употребуваат при преработката. Солта го зголемува крвниот притисок и со тоа го зголемува и ризикот за појава на срцеви болести.

Рената Мика, којашто го предводела истражувањето, изјавила дека според нивните податоци преработеното месо содржи 4 пати повеќе сол и 50% повеќе конзерванси во споредба со непреработеното.

Тоа значи дека јагнешките котлети, стекот и кременадлите се поздравата замена за саламите, колбасите и виршлите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.