Високите потпетици се модерни и ја прават женската фигура посекси, но од друга страна можат да предизвикаат голема болка, повреди и да ви ја уништат забавата.
Милиони жени добиле медицинска помош или биле однесени во болница како резултат на високите потпетици, а уште повеќе секојдневно страдаат од болка само и само за да можат да ги носат омилените обувки.
Истражување во кое учествувале 3000 жени открило дека болката од високите штикли е честа појава кај жените и дека повредите предизвикани од нив не се реткост.
Истражувачите велат дека на една петтина од жените модерните високи обувки им донеле свиткан глужд или истегната тетива.
Но, истражувањето покажало дека често штиклите не предизвикуваат само болка, туку и срам. Дури една третина од жените имаат паднато како резултат на високите потпетици, а многу од нив поради падот си ги оштетиле забите или си го скршиле зглобот на раката.
Жените многу често купуваат чевли кои изгледаат убаво, без да се грижат дали се удобни за носење. Дури 60% од жените би продолжите да носат обувки кои им предизвикуваат болка ако некој им даде комплимент дека се многу убави.
Учесничките во истражувањето признале и дека високите потпетици често им ја уништуваат забавата. Дури 89% од жените некогаш биле принудени да ја завршат забавната вечер порано поради неудобните чевли.
Само 2% од учесничките изјавиле дека не носат високи потпетици.