Четворица мажи ја прифатија задачата да носат штикли цел еден работен ден, мислејќи дека жените се жалат непотребно. Причината за социјалниот експеримент, направен од лондонското списание „Stylist“, е тоа што „работодавачите во Британија сè уште имаат легално право да ги натераат жените да носат штикли на работа“.
„Ова е лесно. Не знам зошто сите се жалат за нив“ – вели еден од четворицата мажи, кои носеа штикли еден работен ден, пред да си ја свитка ногата додека слегува по скали.
Во видеото, кое досега е прегледано повеќе од 14 милиони пати, четворицата мажи одат низ канцеларија, се обидуваат да стигнат навреме на состанок, слегуваат по скали и чекорат низ трева и нерамен пат.
„Навистина ми е жал за жените кои се принудени да ги носат“ – вели еден од мажите на крајот на видеото.