Почетна » Новости » Истражувања » Секој петти развод во САД е поврзан со Facebook

Секој петти развод во САД е поврзан со Facebook

Ако во минатото доказите за неверство беа кармин на јаката на кошулата, e-mail или SMS порака, сега сè повеќе докази за неверство доаѓаат од социјалната мрежа Facebook.

Истражување на Американската академија за адвокати покажало дека 20% од разводите го вклучуваат Facebook.

Дури 80% од адвокатите за развод изјавиле дека има зголемување на бројот на случаи во кои социјалните мрежи се наведени како доказ за неверство.

Сепак, Facebook води пред сите останати мрежи. Флертувачките пораки и фотографии од Facebook сè почесто се приложувани како докази во бракоразводните парници.

Две третини од адвокатите, т.е. 66%, го навеле Facebook како основен извор на докази. Наредната социјална мрежа на листата била MySpace со 15%, а по неа Twitter со 5%.

Минатата година беше направено слично истражување во Велика Британија од адвокатска фирма. И тогаш резултатите покажаа дека во 20% од разводите Facebook бил посочен како „виновник“.

Советничката за бракови Тери Реал смета дека Facebook воопшто не треба да носи вина за ваквите резултати.

„Пред тоа (Facebook) беа електронските пораки, уште пред тоа беше телефонот. Проблемот не е Facebook, туку исчезнувањето на љубовта од вашиот брак“ – дополнила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.