За што се расправаат паровите? Истражување на Philips покажало дека парите, домашните обврски и свекрвата се топ причини за кавга на паровите.
Резултатите покажале дека лошото менаџирање на парите, отсуството на заштеда и пренатовареноста на жените со домашни обврски редовно предизвикуваат расправии.
Освен тоа, кавгите започнуваат и поради консумацијата на алкохол, што да се гледа на ТВ и времето неопходно за подготовка пред излегување.
„Паровите секогаш ќе се расправаат. Дури и за тривијални нешта како кој да го држи далечинскиот управувач, оставањето на мокри крпи на подот или предолгата подготовка за излегување“ – изјавила Денис Харвин, претставник на компанијата што стои зад истражувањето.
Истражувањето, кое било спроведено со учество на 2000 Британци, покажало уште и дека жените победуваат во три од секои пет расправии, а две на секои пет жени се подготвени да се расплачат за да биде по нивно.
Но, не плачат само жените. 13% од мажите признале дека повремено пуштаат по некоја солза.
Мажите почесто се повлекуваат од расправиите, признаваат дека погрешиле и се извинуваат за да го вратат мирот.