Ниту еден голем настан во изминатиов период не помина без настап на Ријана. Енергичната пејачка добиваше силни аплаузи на секоја сцена, а зад сцената сигурно и големи суми пари.
Еден од наредните настапи на Ријана добро ќе го наполни нејзиниот џеб. Пејачката која вчера го прослави својот 23-ти роденден ќе добие 500 000 долари за едночасовен настап на хуманитарна гала вечер во Флорида.
Околу 600 гости ќе присуствуваат на вечерта организирана за собирање на средства за Dana-Farber Cancer Institutе.
ВИП гостите кои сакаат да имаат маса со 10 места треба да платат 200 000 долари, а „најскржавите“ посетители треба да платат по 2000 долари од човек.
Ријана вчера ја подигна публиката на нозе на полувремето на NBA All-Star натпреварот, каде настапи на сцената со Дрејк и Кание Вест.