Почетна » Новости » Истражувања » Релаксираните луѓе заздравуваат двапати побрзо

Релаксираните луѓе заздравуваат двапати побрзо

Стресот влијае негативно на здравјето на многу различни начини. Последните истражувања предупредуваат дека ако сте под стрес додека сте болни, потешко ќе се справите со болеста.

Лондонско истражување откри дека кај понервозните пациенти лузните заздравуваат побавно, а кај оние кои се релаксирани заздравуваат двапати побрзо.

РелаксацијаРелаксираните луѓе заздравуваат двапати побрзо.

Истражувачите го мереле нивото на кортизол, хормонот на стресот, кај 25 доброволци и ги испрашувале за тоа како се справуваат со напнатоста од секојдневниот живот. Мали парченца кожа им биле отсечени од раката и бил набљудуван процесот на заздравување.

Заклучокот бил дека најрелаксираните се излекувале двојно побрзо од оние кои биле под најголем стрес.

Професорот Џон Вајнмен којшто го предводел истражувањето смета дека овој заклучок може да помогне за забрзување на процесот на оздравување на луѓето после операција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.