Почетна » Новости » Истражувања » Просечната жена изгледа 4 години постаро поради лошите навики

Просечната жена изгледа 4 години постаро поради лошите навики

Нездравиот начин на живот го поттикнува предвременото стареење и просечната жена денес изгледа 4 години постаро поради штетните навики како консумирање на брза храна, пушење или изложување на сонце без заштита. Тоа е заклучокот од ново истражување во кое учествувале 8000 жени над 25 години.

Ејми ВајнхаусОд славните, 27-годишната Ејми Вајнхаус изгледа најлошо за своите години

Резултатите покажале дека модерниот начин на живот има големо влијание врз изгледот на жените и просечната жена изгледа точно 4,25 години постара отколку што навистина е. Секоја петта жена не користи хидратантен крем, 40% од жените излегуваат на сонце без крем со заштита, четвртина консумираат брза храна 2-3 пати неделно. Истражувањето открило и дека просечната жена пуши по 894 цигари годишно.

Од славните личности, 41-годишната Џенифер Анистон се смета за ѕвезда која изгледа најдобро за својата возраст, а 27-годишната Ејми Вајнхаус е на врвот на листата на ѕвезди кои изгледаат најлошо за возраста на која се наоѓаат.

Новото истражување открило и дека четвртина од жените се загрижуваат поради стареењето по 10 минути секој ден, односно 2 и пол дена во годината.

Експертите предупредуваат дека пушењето, консумирањето на алкохол, изложувањето на сонце, нездравиот начин на исхрана и недостигот на физичка активност придонесуваат за предвремено стареење. За да го избегнат предвременото стареење, жените треба повеќе да се грижат за својата кожа, да пијат редовно вода и да консумираат јагоди, боровинки, капинки и малини.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20837 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.