Ако имате време во текот на денот, најдобро е да си земете мала доза сон. Тоа не само што ќе го освежи вашиот ум, туку и ќе ја подобри работата на мозокот – тврдат истражувачите.
Медицинските истражувања покажаа дека спиењето еден час во текот на денот е доволно за да се зголеми способноста на мозокот да учи нови факти во часовите што следуваат.
Во рамките на истражување во Калифорнија, учесниците биле разделени во две групи. И двете групи требало да учествуваат во едноставна задача за учење – поврзување на лица со имиња. Во 14 часот попладне, едната група си зела 90-минутна дремка, а другата група останала будна. Во 18 часот и двете групи повторно се вратиле на учење на задачата. Заклучокот бил дека оние кои што си зеле попладневна дремка, на задачата покажале многу подобри резултати.
Истражувачите велат дека спиењето е потребно за да се „исчисти“ краткотрајната меморија и да се направи место за нова информација.
Многу славни личности како Бил Клинтон, Алберт Ајнштајн, Винстон Черчил, Роналд Реган, Маргарет Тачер и др., биле приврзаници на попладневната дремка.