Почетна » Новости » Истражувања » Помал апетит со паста за заби

Помал апетит со паста за заби

Паста за заби
Пастата со вкус на ментол го намалува апетитот.

Сакате да внесувате помалку калории, а не знаете како да го намалите големиот апетит? Американските научници советуваат дека употребата на пастата за заби е одличен трик да го направите тоа.

Секогаш кога ќе се чувствувате гладни, а сметате дека не треба да јадете, сè што треба да направите е да си ги измиете забите. Дури и тоа да не ви помогне и да продолжите да јадете, храната нема да ви биде толку вкусна и брзо ќе прекинете да ја консумирате.

Најдобро е да користите паста за заби со вкус на ментол. Силниот вкус на ментол веднаш ќе ви го намали апетитот.

Во никој случај нема да ви наштети ако го пробате овој трик. Ако успее, вие ќе имате и повитко тело и побели заби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19684 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.