Почетна » Убавина и мода » Тело » Вазелин и паста за заби. 2 продукти – 20 интересни намени

Вазелин и паста за заби. 2 продукти – 20 интересни намени

Вазелин

Убава женаВазелинот ги прави усните меки, ги смирува разбушавените веѓи и ги омекнува кутикулите и грубата кожа на лактите, колената и стапалата.
  • Наместо балсам за усни. Вазелинот помага за омекнување на испуканите усни и видливо ги измазнува. Ставете вазелин пред спиење. Утрото можете и да ја употребите четката за заби за да ја ексфолирате кожата на усните.
  • За омекнување на кутикулите и грубата кожа. Вазелинот е практичен продукт за омекнување на кутикулите пред маникир. Тој помага и за омекнување на грубата кожа на лактите, колената и стапалата. Редовно премачкувајте ги засегнатите места и нема да помине долго пред да ги видите резултатите.
  • За заглавен прстен. Овој трик можеби повеќето го знаат. Доколку имате заглавен прстен, премачкајте ја областа околу него со вазелин. Тој ќе создаде лизгава површина и лесно ќе можете да го извадите.
  • Како отстранувач на шминка. Вазелинот нанесен на памучен тампон можете да го користите и за отстранување на шминката.
  • За погусти трепки. Некои жени тврдат дека редовната употреба на вазелин за нега на очите помага трепките да растат погусти и подолги. За целта, нежно протривајте ги очите со малку вазелин секоја вечер пред легнување.
  • Ја зачувува подолго аромата на парфемот. Пред да го употребите вашиот омилен парфем, на местата каде што се прскате со парфем нанесете малку вазелин. Тој ќе ви помогне парфемот подолго да се задржи врз вашата кожа.
  • Помага при ставањето на обетки. Ако ви оди тешко ставањето на обетки на ушите, премачкајте ја областа околу дупчињата со вазелин.
  • Ги смирува бушавите веѓи. Често се јавува проблемот со бушавите веѓи, особено ако сте обожавателка на подебелите форми. За да ги смирите влакненцата, поминете преку веѓите со малку вазелин.
  • За сјај на чанти или чевли. Старите чевли или чанти можат да добијат нов сјај ако ги премачкате со малку вазелин.
  • Ги сокрива расцветаните врвови на косата. Расцветаните врвови лесно можат да ѝ дадат лош изглед на косата. Тие веднаш се истакнуваат. За да ги замазните, употребете малку вазелин. Косата ќе ви изгледа многу поубаво.

Паста за заби

Паста и четка за забиПастата за заби освен што ја одржува хигиената во устата, помага и за одржување на бели нокти, за чистење на патики, сребро и пегла за алишта.
  • За бели нокти. Многу често ноктите на рацете пожолтуваат од преголемата употреба на лакови со силни бои. За да им го вратите сјајот на ноктите, едноставно протријте ги со четка за заби и паста.
  • За убод од инсект или плускавица. Пастата за заби ја намалува иритацијата на кожата при убод од инсект или плускавица. Таа ќе ви помогне да го намалите чешањето и да го спречите подувањето. Кога ќе се нанесе врз плускавица, пастата за заби побрзо ја суши и овозможува да заздрави побрзо. Намачкајте ја засегнатата област преку ноќ. Но, ова важи само ако раната не е отворена.
  • Ја намалува болката кај мали изгореници. Доколку изгореницата не е отворена рана, пастата за заби може да помогне со тоа што ќе ја намали болката и моментално ќе ја излади раната.
  • Ги намалува лузните од акни. Ако сакате да го забрзате процесот на зараснување на лузната од мозолчето, ставете врз него малку паста и оставете ја да дејствува преку ноќ.
  • Ја отстранува непријатната миризба од рацете. Секоја домаќинка знае колку е непријатна миризбата на лук, риба или кромид на рацете. Пастата за заби може да ви помогне да ја отстраните непријатната миризба. За целта, истријте ги темелно рацете со паста за заби. Потоа ставете крем за да не дозволите кожата премногу да се исуши.
  • За чистење на патики. Белата гума на патиките може да стане повторно како нова, доколку ја истриете со паста за заби.
  • Го светнува среброто. Сребрениот накит може да си го врати својот сјај ако го истриете со паста за заби. Оставете ја пастата преку ноќ и наутро отстранете ја со нежна крпа. Не го користете овој трик доколку на накитот има бисери, затоа што пастата ќе ја уништи нивната површина.
  • За чистење на бебешките шишиња од миризбата. Многу често бебешките шишиња придобиваат миризба на млеко. За да ја отстраните, протријте го шишето со паста за заби. Моментално непријатна миризба ќе се намали. Потребно е само да внимавате после тоа темелно да го измиете шишенцето.
  • За чистење на дното на пеглата. Дното на пеглата за алишта можете лесно да го исчистите со помош на паста за заби. Едноставно протријте го со паста додека пеглата е ладна и потоа отстранете ја пастата со влажна крпа.
  • За прикривање на дупките во ѕидот. Пастата за заби е најлесниот начин да затворите дупка од шајка. Таа лесно се нанесува и брзо се суши.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.