Почетна » Новости » Истражувања » Пиењето на кафе НЕ помага во расонувањето?

Пиењето на кафе НЕ помага во расонувањето?

Огромен број на луѓе тврдат дека не можат да го започнат денот без шолја кафе. Општоприфатено е дека кафето го помага утринското будење на мозокот, но британски научници сметаат дека стимулативниот ефект на кофеинот можеби е само илузија.

Навистина, луѓето коишто консумираат големи количини на кафе може да се чувствуваат посвежи откако ќе ја испијат првата шолја во денот. Но, свежината веројатно се должи на тоа што го надоместуваат кофеинот кој се повлекол од нивниот организам во текот на ноќта.

КафеКофеинот не влијае на нивото на будност кај луѓето кои не консумираат редовно кафе.

Студијата заклучува дека за страсните консуматори на кафе всушност е подобро да ја заборават утринската шолја, затоа што со неа си ги зголемуваат шансите за појава на анксиозност и висок крвен притисок.

Истражувањето било спроведено на Универзитетот Бристол со учество на 319 доброволци. Учесниците апстинирале 16 часа од внесување на кофеин, а потоа им бил даден или пијалок со кофеин или плацебо пијалок кој не содржел кофеин.

Половина од учесниците во истражувањето биле луѓе кои воопшто не внесуваат кофеин или внесуваат релативно малку, а другата половина биле луѓе кои секојдневно консумираат поголеми дози на кофеин.

Резултатите покажале дека оние коишто редовно консумираат повеќе кафе, навистина се поспани и склони кон главоболки ако не ја добијат утринската доза. Но, кај луѓето коишто не пијат или ретко пијат кафе, не била забележана никаква промена во нивото на будност без разлика дали им бил даден пијалок со или без кофеин.

Питер Роџерс, еден од главните автори на истражувањето, изјавил: „Нашата студија покажува дека консумирањето на кофеин не ни дава никаква предност – иако чувствуваме дека нè расонува, всушност само нè враќа во нормала.“

Со други зборови, луѓето коишто редовно пијат кафе, наутро се чувствуваат поспани и се склони кон главоболка заради повлекувањето на кофеинот од нивното тело во текот на ноќта. Откако ќе внесат кофеин со првата утринска чаша, тие се враќаат во нормала и се чувствуваат исто како луѓето што не пијат кафе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.