Почетна » Новости » Истражувања » Паровите се караат 312 пати годишно

Паровите се караат 312 пати годишно

Мислите дека се карате често со вашиот партнер? Можеби ќе си го промените мислењето откако ќе го земете во предвид заклучокот од ново истражување кој вели дека паровите во просек се караат 312 пати годишно.

Истражувачите освен што тврдат дека се малку деновите во годината кои поминуваат без кавга, откриле и дека паровите најмногу се расправаат во четврток навечер и тоа во 20 часот, а кавгите траат околу 10 минути.

Пар што се расправаПаровите најмногу се расправаат во четврток навечер и кавгата им трае околу 10 минути

Според резултатите од истражување со учество на 3000 Британци, жените многу повеќе се фрустрираат од навиките на своите партнери, отколку мажите од женските навики.

Жените најчесто се жалат дека нивниот партнер не става нова ролна тоалетна хартија кога ќе ја потроши старата, ги остава сијалиците низ домот запалени, постојано ги менува телевизиските канали и го остава капакот од WC-шолјата подигнат.

Мажите пак најчесто се нервираат затоа што нивната партнерка предолго се подготвува за излегување или затоа што им досадува за да исполнат некоја домашна обврска.

„Сите парови се расправаат, но тоа што толку многу се караат за едноставни нешта како домашните обврски нè зачуди“ – изјавил претставник на компанијата која го финансирала истражувањето.

Што најмногу ги нервира жените?

  1. Влакненца од бричењето во мијалникот
  2. Валкани траги во WC-шолјата
  3. Често менување на ТВ-каналите
  4. Оставање на истрошени ролни тоалетна хартија
  5. Кренат капак на WC-шолјата
  6. Запалени сијалици низ домот
  7. Валкани чаши насекаде низ домот
  8. Влажни крпи на подот/креветот
  9. Чување на работи кои никогаш не се користат
  10. Непуштање вода во WC-шолјата

Што најмногу ги нервира мажите?

  1. Предолгата подготовка за излегување
  2. Настојување да исполнат некоја домашна обврска
  3. Запалени сијалици низ домот
  4. Влакна во сифонот
  5. Чување на работи кои никогаш не се користат
  6. Преполнување на кантата за отпадоци
  7. Салфетки насекаде низ домот
  8. Валкани чаши насекаде низ домот
  9. Често менување на ТВ-каналите
  10. Гледање на ТВ-сапуници

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21206 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.