Истражувачите открија дека паровите коишто ги делат домашните обврски се посреќни од оние парови кај кои еден од партнерите го зема целиот или поголемиот товар врз себе.
Според ново истражување, ниту еден партнер не треба да презема повеќе од 60% од домашните обврски – од чистењето до грижата за детето.
Традиционалните семејства во кои мажот само оди на работа, а жената се грижи за домот и децата се помалку среќни. Во таквите семејства, мажот чувствува повеќе притисок врз себе за да обезбеди финансиска стабилност, а жената останувајќи дома се чувствува изоставена поради фактот што не придонесува со финансиски средства.
Жените кои не работат чувствуваат и повеќе страв дека ќе останат сами, затоа што ако се случи тоа, не можат да бидат самостојни.
Од друга страна, во домовите каде што мажот останува дома, а жената „го носи лебот“ повторно се јавуваат проблеми, затоа што мажот ја губи самодовербата, а врз жената паѓа целиот притисок за обезбедување на финансиска стабилност.
Истражувањето спроведено во Канада во кое учествувале 50 000 возрасни покажа дека жените не сакаат да бидат домаќинки по цел ден. И кај мажите и кај жените највисокото ниво на среќа се постигнува кога двајцата ги делат сите обврски.
Во таков случај и двата партнери се чувствуваат задоволни од постигнатото во сите сфери на животот и се посреќни заедно.