Почетна » Новости » Истражувања » Насмеаните луѓе изгледаат помлади

Насмеаните луѓе изгледаат помлади

Во потрага сте по ефективен третман против стареење? Нема потреба ниту да мрднете од место. Германско истражување го потврди она што долго време го знаевме – насмевката подмладува.

Истражувачите од институтот „Макс Планк“ во Берлин докажале дека среќните луѓе се перципирани како помлади и попривлечни.

Насмеана женаНасмевката визуелно симнува години од вашето лице

Истражувачите им покажале на 150 мажи и жени повеќе од 1.000 фотографии и побарале од нив да ја проценат возраста на лицата на фотографиите.

Анализата на дадените одговори покажала дека кога на фотографиите е покажана личност која има неутрален израз на лицето, доброволците многу поточно ја проценувале нејзината возраст. Но, кога лицето на фотографијата било насмеано, доброволците го оценувале како помладо.

Мануел Фолкле од германскиот институт верува дека привремените брчки кои се појавуваат од смеењето го отежнуваат проценувањето на вистинската возраст и оние кои погодуваат се попретпазливи со одговорите.

Истражувањето покажало и дека жените секогаш се оценувани како помлади во споредба со мажите на иста возраст, и тоа во просек со три години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19748 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.