Почетна » Новости » Занимливости » 7 причини зошто да се насмеете уште веднаш

7 причини зошто да се насмеете уште веднаш

Знаете ли дека гледањето во насмеано лице доставува поголемо задоволство отколку јадењето чоколадо или имањето секс? Интересно истражување покажало дека детската насмевка ни предизвикува поголемо задоволство отколку добивањето на 2.000 чоколатца или 25.000 долари во кеш.

Насмеана жена

Авторот на книгата „Smile: The Astonishing Powers of a Simple Act“, Рон Гатмен, ни дава уште неколку интересни факти за смеењето, кои ќе ве поттикнат да ја покажете вашата најискрена насмевка уште веднаш:

  1. Бебињата се смеат уште пред раѓање. 3D фотографии јасно покажуваат дека бебињата кои се развиваат во матката се смеат, тврди Гатмен. „Дури и пред раѓањето, бебињата изгледа дека го вежбаат овој уникатен израз на лицето“ – изјавил тој. До тримесечна возраст бебињата учат дека со својата насмевка можат да инспирираат насмевки кај луѓето и ја започнуваат играта наречена „размена на насмевки“.
  2. Можеме да детектираме насмевка на далечина од 91.4 метри. Тоа е двојно повеќе од растојанието од кое можеме да ги идентификуваме другите изрази на лицето. Се верува дека оваа способност се развила за да можеме лесно да ги разликуваме пријателите од непријателите.
  3. Исто како и проѕевањето, и смеењето е заразно. Кога сме опкружени со среќни насмеани лица, „принудени“ сме да се смееме, независно од тоа дали сакаме или не. Истражувачите откриле дека е тешко да се мрштиме кога гледаме некој како се смее.
  4. Децата се смеат повеќе од 400 пати дневно. Момчињата и девојчињата се смеат подеднакво, но кога ќе пораснат, работите се менуваат и жените се смеат повеќе од мажите. Над 30% од возрасните се смеат повеќе од 20 пати дневно, а помалку од 14% се насмевнуваат помалку од 5 пати.
  5. Широката насмевка носи поголем успех на љубовен план. Истражувањата покажале дека жените со голема насмевка имаат подобро физичко и психичко здравје, но и се позадоволни од својот љубовен живот.
  6. Насмевката нè дарува со подобро здравје и помалку стрес. Документирани се многу здравствени бенефиции од смеењето. Познато е дека овој среќен израз на лицето ни го намалува нивото на кортизол и допамин (хормони на стресот), а го зголемува нивото на ендорфини (хормонот на среќата).
  7. Можеме да се смееме со устата, но можеме и со очите. Во повеќето држави смеењето се изразува преку устата, но во Јапонија се става акцент на очите. Тоа можеби објаснува зошто ние користиме „:-)“ за да покажеме насмевка, додека Јапонците користат „^_^“. Тајра Бенкс отсекогаш ги учела моделите да се смеат со очите.

Насмевката не кошта ништо, а дава многу.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.