Почетна » Новости » Истражувања » Модерните мајки поминуваат 92 минути дневно на интернет

Модерните мајки поминуваат 92 минути дневно на интернет

Во минатото мајките бараа совети за воспитувањето и негувањето на своите деца во различни книги, но денес потрагата по повеќе информација се префрлува онлајн.

Современите мајки поминуваат во просек по 92 минути на интернет секој ден, покажало ново британско истражување, а сè повеќе мајки денес ги користат социјалните мрежи и интернет форумите за да побараат совет во врска со растењето и воспитувањето на децата.

Мајка со дете пред лаптопСè повеќе мајки денес ги користат социјалните мрежи и интернет форумите за да побараат совет во врска со растењето на децата

Истражувањето кое било спроведено од мобилен оператор покажало и дека голем број на мајки го користат интернетот како занимација кога нивното бебе ќе ги разбуди во текот на ноќта. Четири од десет мајки се вклучуваат онлајн навечер откако ќе ги разбуди нивното бебе.

Исто така, мајките користат интернет за комуникација со членовите на семејството (особено ако живеат далеку од нив), за пребарување на рецепти, за проверување на временска прогноза и за комуницирање со пријателите на социјалните мрежи како Facebook.

„Жените се чувствуваат помоќни ако можат да најдат решение на своите проблеми и интернетот им го овозможува тоа. Тие се чувствуваат посамоуверени со својата способност да се грижат за своите деца ако се вооружени со информации и често најдобриот совет може да биде даден од луѓето кои имале слично искуство“ – изјавила Силвија Чинд, мајка на 2 деца, која воедно е и претставник на мобилниот оператор кој го направил истражувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20837 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.