Младите мажи гледаат порно онлајн во просек по 2 часа неделно, се вели во извештајот од ново истражување спроведено од радио емисијата Newsbeat на BBC Radio 1.
За разлика од мажите, жените на возраст од 18 до 24 години гледаат порно во просек по 15 минути секоја недела.
Две третини од мажите и половина од жените сметаат дека гледањето порно не е штетно ако се прави умерено.
Сепак, четвртина од учесниците изјавиле дека се загрижени во однос на тоа колку време гледаат порно. Околу 4% од вкупно 1057 учесници во истражувањето признале дека гледаат порно по повеќе по 10 часа неделно, што експертите го сметаат за проблематично. Секои четири од пет „тешки“ порно зависници признаваат дека порното им попречило да ги завршуваат секојдневните обврски навреме.
Истражувањето покажало дека мажите кои често гледаат порно имаат повеќе проблеми во врската и помалку се заинтересирани за секс со партнерката во реалниот живот.
61% од „тешките“ корисници на порно изјавиле дека се помалку заинтересирани за секс со партнерот, а истото го признале и 27% од „умерените“ корисници на порно и 24% од „лесните“ корисници на порнографски материјали.
Најголем дел и од мажите и од жените стигнуваат до порно преку бесплатните сајтови на интернет.