Почетна » Новости » Истражувања » Секој десетти маж најмногу користи интернет за порно

Секој десетти маж најмногу користи интернет за порно

Повеќето мажи доаѓаат до порнографски материјали со помош на интернетот, но некои почесто, а други поретко.

Истражување на британскиот сајт MyVoucherCodes покажа дека секој десетти маж го користи интернетот основно за порно. 41% од нив признаваат дека посетуваат сајтови за порно додека нивната партнерка е во другата соба, а секој петти од нив гледа порно тајно кога неговата партнерка спие.

Маж што гледа порноСекој петти маж што гледа порно го прави тоа додека неговата партнерка спие

Дури 16% пак признале дека посетуваат порнографски сајтови додека се на работното место.

Во истражувањето учествувале 1183 мажи кои се во врска, а неговата цел всушност била да ги проучи навиките на мажите на интернет. Сепак, може да се каже дека мнозинството од мажите го користат интернетот корисно во поголемиот дел од времето. 34% од мажите користат интернет за вести од општ карактер, 17% за спортски вести, а 14% главно го користат за шопинг.

„Тоа што мажите го користат интернетот за спортски вести, шопинг и порнографија воопшто не ме шокира. Но, бев шокиран кога видов дека мажите го користат интернетот тајно, што е индикатор дека нивните партнерки нема да бидат среќни ако ги знаат сајтовите кои нивните парнери ги посетуваат“ – изјавил Марк Пирсон од сајтот кој го направил истражувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.