Уште одамна ароматерапијата се користела за намалување на вознемиреноста, напнатоста и стресот. Денес научниците постојано истражуваат како различните мириси влијаат врз здравјето на луѓето.
Најновите истражувања покажале дека мирисот на јасмин е толку моќен што може да се каже дека дејствува исто толку силно колку и седативите и апчињата за спиење.

Добрата вест е што маслото од јасмин не предизвикува странични ефекти како депресија, вртоглавица, слабост во мускулите и нарушена координација, како што тоа го прават лековите.
Научниците сметаат дека мирисот на јасмин може да се користи против анксиозност, возбуда и пројава на агресија. Освен тоа, се верува дека маслото од јасмин има и многу други позитивни ефекти врз здравјето – помага против замор, менструални болки и ги намалува симптомите на менопаузата.