Почетна » Новости » Занимливости » Мирисот на парфемот на мајка ви и косена трева го намалува стресот

Мирисот на парфемот на мајка ви и косена трева го намалува стресот

Бројните обврски и динамичниот начин на живот нѐ вознемируваат. Најголем дел од луѓето се во трка со времето и секојдневно се под стрес. Еден од најлесните начини на којшто можете да го ублажите стресот е да помирисате пријатна арома која ве потсетува на среќни мигови.

Мирисот има голема моќ. Доволно е да го помирисате кремот за сончање и веднаш да се навратите на летните авантури или до вашиот нос да стигне мирисот од печен кекс за да се присетите на детството. Но, исто така, различните мириси имаат моќ да влијаат на вашата моментална психичка и емотивна состојба.

Така, експертите велат дека мирисот на парфемот на мајка ви и мирисот на неодамна косена трева може да го намали стресот и вознемиреноста.

Мирис

„Миризбата ги стимулира синапсите во мозокот кои го поттикнуваат лачењето на хормони кои од своја страна ги регулираат сите телесни функции. Мирисот создава позитивни асоцијации, ослободувајќи нѐ од анксиозноста и помагајќи ни да останеме смирени“ – изјавил Роже Дав, експерт за парфеми и еден од најпознатите „носови“ во светот.

Дав е убеден дека мирисот на парфемот на мајките и косената трева ги враќа луѓето во детските години и поради тоа им помага да си ја намалат вознемиреноста.

Различните мириси имаат различен ефект, а ароматерапијата станува сѐ попопуларна. Имено, истражувањата велат дека лавандата помага за подобар сон, а мирисот на лимон или портокал го подобрува расположението и ја зголемува енергијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20829 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.