Се вели дека секој има посебен вкус, но кога зборуваме за мажите генерално, ново истражување вели дека бринетите им се најблиску до срцето.
Истражување на друштвената мрежа Badoo покажало дека скоро 60% од мажите повеќе ги привлекуваат бринети отколку русокоси.
Од 2000 анкетирани мажи, 33,1% изјавиле дека најмногу сакаат девојки со кафеава коса, а 28,6% признале дека најпривлечни им се девојки со црна коса. Тоа значи дека девојките со темна коса ги освојуваат срцата на вкупно 59,7% од мажите.
Русокосите биле оценети како најатрактивни од 29,5% од мажите, а црвенокосите од само 8,8%.
Истражувањето покажало и дека мажите преферираат сини очи. Повеќе од 40% од мажите ги оцениле сините очи како најпривлечни. Скоро третина признале дека кафеавите очи им се најубави, 17,5% копнеат за зелени очи, а 13,1% најмногу сакаат кафеаво-зелени очи.
Истражувањето било спроведено во Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, САД и Бразил. Во сите тие држави мажите изјавиле дека најмногу сакаат црнокоси.