Почетна » Новости » Истражувања » Бринетите им се попривлечни на мажите

Бринетите им се попривлечни на мажите

Мажите преферираат бринети и ги сметаат жените со темна коса за попривлечни, иако за време на вечерно излегување многу повеќе им приоѓаат на русокоси.

Убава бринета

Истражување објавено во Scandinavian Journal of Psychology покажало дека мажите ги оценуваат бринетите како попривлечни и покомпетентни од русокосите. Во експериментот направен од истражувачите, една жена со светол тен била испратена да посети три различни ноќни клуба во три различни ноќи. Во трите наврати таа се појавувала со различна боја на косата – како бринета, русокоса и црвенокоса. За нејзиниот изгледа да биде што поприроден, нејзината коса била бојадисувана од професионален фризер.

Најмногу мажи ѝ пришле за да разговараат со неа кога таа имала руса коса (вкупно 60 мажи). Кога била бринета со неа започнале разговор 42 мажи, а кога била црвенокоса само 18. Според овие резултати, би рекле дека мажите преферираат русокоси. Но, добрата вест за бринетите допрва доаѓа.

Истражувачите направиле три фотографии од истата жена, на секоја со различна боја на косата, и се вратиле во ноќните клубови за да ги прашаат мажите кој изглед најмногу им се допаѓа. Најмногу мажи ја оцениле жената како најпривлечна и најинтелигентна кога имала темна боја на косата.

Според авторот на истражувањето, ваквите резултати покажуваат дека вкусовите на мажите се менуваат. „Во 60-тите и раните 70-тти години, кога Џеки Кенеди беше идеалот, бринетите станаа идеал за жените генерално. Потоа, во 70-тите и 80-тите години, русокосите станаа идеал“ – изјавил тој и додал дека последното истражување повторно покажува промена во преференциите на мажите.

Неодамна друго истражување покажа дека мажите најмногу сакаат бринети, и тоа бринети со сини очи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.