Почетна » Новости » Истражувања » Мажите возачи се поизгубени од жените

Мажите возачи се поизгубени од жените

„Мажите не прашуваат за правец кога ќе се изгубат“ е тврдење кое веќе и дефинитивно можеме да го прифатиме како вистинито.

Кога ќе се изгубат со својот автомобил, мажите возат бесцелно подолго време од жените пред да побараат помош.

Британско истражување покажало дека просечниот маж вози дополнителни 444 километри годишно поради тоа што се изгубил, а просечната жена – 412 километри.

Изгубен маж41% од мажите глумат дека знаат каде одат, кога всушност немаат поим

Дури 26% од мажите чекаат да помине барем половина час „за да соберат храброст“ да прашаат за правец, а 12% никогаш не би побарале помош од непозната личност.

За жените пак важи токму спротивното. На 74% од жените воопшто не им претставува проблем да прашаат за правец. Повеќе од третина од жените (37%) признаваат дека застануваат да побараат помош веднаш откако ќе дознаат дека се изгубени, а само 30% од мажите го прават истото.

Истражувањето покажало и дека возачите повеќе им веруваат на жените кога треба да прашаат за правец. Повеќе од една третина од возачите побрзо би побарале совет за правецот од жена, отколку од маж.

Тоа е апсолутно оправдано, знаејќи дека 41% од мажите глумат дека знаат каде одат, кога всушност немаат поим, а само 26% од жените го прават истото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.