Почетна » Новости » Истражувања » Колку часа се препорачува да спиете?

Колку часа се препорачува да спиете?

Дали често се прашувате колку часа треба да спиете за да го одржите своето здравје и да бидете енергични?

Група експерти од реномирани американски организации анализирала над 312 истражувања за да понуди нови препораки за тоа колку часа дневно треба да спиеме. Биле земени предвид резултати од истражувања објавени во периодот од 2004 до 2014 година.

Жена што спие

Еве ги новите дневни препораки за спиењето според возраста:

  • Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа
  • Бебиња (4-11 месеци): 12-15 часа
  • Деца (1-2 години): 11-14 часа
  • Деца од претшколска возраст (3-5 години): 10-13 часа
  • Деца од школска возраст (6-13 години): 9-11 часа
  • Тинејџери (14-17 години): 8-10 часа
  • Млади лица (18-25 години): 7-9 часа
  • Возрасни лица (26-64 години): 7-9 часа
  • Постари лица (над 65 години): 7-8 часа

„Ова е првпат професионална организација да даде препораки за тоа колку треба да спие една личност во зависност од возраста, основани на систематски преглед на светската научна литература која го поврзува спиењето со здравјето, ефикасноста и безбедноста“ – рекол Чарлс Чајслер, професор во Медицинското училиште во Харвард.

Колку часа се препорачува да спиете?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.