Почетна » Новости » Истражувања » Кафето го намалува ризикот од рак на кожата

Кафето го намалува ризикот од рак на кожата

Повторно добри вести за обожавателите на кафе. Кафето го намалува ризикот од најчестиот вид кожен карцином, се вели во најновото обемно истражување презентирано на состанокот кој Американската асоцијација за истражувања на ракот го одржа во Бостон.

КафеКафето го намалува ризикот од појава на најчестиот вид рак на кожа

Резултатите од истражувањето покажале дека кај жените кои консумирале повеќе од 3 кафиња дневно, ризикот од појава на базоцелуларниот кожен карцином бил намален со 20%, во споредба со жените кои пиеле помалку од една чаша кафе месечно.

Мажите во истражувањето кои пиеле повеќе од 3 кафиња дневно, имале за 9% помал ризик од базоцелуларниот кожен карцином.

Истражувањето опфатило 112.897 луѓе, а истите биле набљудувани во периодот од 1984 до 2008 година. Додека траело истражувањето биле откриени 25.480 случаи на рак.

Резултатите не покажале намалување на ризикот од најсмртоносниот вид рак на кожа, меланомот.

Досега е познато дека консумацијата на кафе го намалува ризикот и од рак на дојка и рак на простата.

Сепак, научниците предупредуваат дека најголемиот причинител на кожен карцином е UV зрачењето, најчесто од сонцето, и потсетуваат дека користењето на крем со заштитен фактор е особено важно за превенирање на болеста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.