Кафето им помага на жените подобро да размислуваат, но кај мажите делува токму спротивно.
Истражувачите тврдат дека пиењето кафе го подобрува мислењето кај жените кога се под стрес, но им го поматува помнењето на мажите и тие побавно донесуваат одлуки.
Научниците стигнале до овој заклучок набљудувајќи како им делува кафето на луѓето кога тие се под стрес. За целта на истражувањето, тие побарале 64 мажи и жени и ги разделиле во парови од ист пол. Секој пар требало да изврши неколку задачи, како преговарање, редење на сложувалки или задачи поврзани со помнењето. Им било кажано и дека секој учесник ќе треба да направи јавна презентација поврзана со нивните задачи.
На едниот од учесниците од секој пар му било дадено обично кафе со кофеин, а на другиот, кафе без кофеин. Истражувачите откриле дека мажите многу потешко се справуваат со задачите за помнење ако претходно испиле кафе со кофеин.
На мажите кои се напиле кафе со кофеин им биле потребни 20 секунди повеќе за да ги завршат сложувалките, во споредба со мажите кои пиеле кафе без кофеин.
За разлика од мажите, жените ја завршувале задачата за 100 секунди побрзо ако се имале напиено кафе со кофеин.