Почетна » Новости » Истражувања » Кафе пауза за поголема продуктивност

Кафе пауза за поголема продуктивност

Шефовите воопшто не треба да им замеруваат на своите вработени кога прават кафе пауза, дури и ако тоа одзема дел од нивното работно време, затоа што научниците покажаа дека токму тоа придонесува за поголема продуктивност.

Лондонски истражувачи тврдат дека кофеинот го подобрува помнењето и концентрацијата на вработените, а плус и го намалува бројот на направени грешки.

Кафе паузаКафе паузите придонесуваат за поголема продуктивност на работното место.

За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите анализирале 13 одделни студии од цел свет, во кои учествувале работници на возраст од 20 до 30 години што работеле на смени во симулирани работни услови. Учесниците требало да изведуваат задачи за кои била потребна концентрација, употреба на зборови и памтење. На некои им бил даден кофеин, а на други – не. Истите тестови биле повторени кога учесниците биле изложени и на други услови (како посилна светлина или пак им било дозволено да дремнат).

Тестовите покажале дека оние кои консумирале кофеин имале подобри резултати кога станувало збор за задачи со помнење, расудување и концентрација, отколку оние на кои не им бил даден кофеин.

Иако имало само мала разлика помеѓу резултатите на оние на кои им била дадена чаша кафе и оние кои за кратко поспале, едно од истражувањата покажало дека тие кои консумирале кофеин правеле и помалку грешки.

Врз основа на овие резултати, истражувачите претпоставуваат дека пиењето кафе го намалува бројот на несреќи на работното место, сообраќајните незгоди на луѓе кои се на крајот на работно време и дури ги редуцира грешките на докторите кои се на работа долго време.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.